Каљари опстана и го испрати Сасуоло во Серија „Б“

Тага во Саусоло, и радост за Каљари. Како гостин тимот предводен од Клаудио Раниери и дефинитивно го обезбеди опстанокот во Серија „А“, додека Сасуоло се сели во Серија „Б“. Има теоретски, но многу минимални шанси за Саусоло, но треба да се поклопат многу коцки, што е речиси невозможно.

По првиот дел немаше голови, а во второто Каљари со два гола го „потопи“ домашниот тим. Најпрво Прати во 71. минута донесе водство, за Лападула во 90. минута од пенал и дефинитивно ја обезбеди победата.

Од првенството испадна и Салернитана која веќе одамна е во понизок ранг.

Се вчитува...