Кошаркарите на турскиот Фенербахче се последниот патник на Ф4 турнирот во Евролигата кој оваа година ќе се игра во Берлин откако вечерва на гостински терен во мајсторката во трилер меч по продолженија славеа над Монако со 79-80 и со тоа станаа првиот гостински тим кој успеал да слави во мајсторка во Евролигата.
Натпреварот во сите 40 минути беше израмнет и во ниту еден момент ниту еден од двата тима не успеа да се одвои. Мечот влезе во неизвесна завршница во последната минута откако беше 70-70. Прво гостите не успеаја да го искористат својот напад откако направија техничка грешка, а домаќините го имаа последниот шут преку Окобо кој не успеа да погоди, а мечот замина во продолженија.
Слично беше и во продолженијата, а херој за гостите беше Ник Калатес кој на 15 секунди до крајот погоди тројка за 79-80 која на крајот беше доволна за победа на гостите од Истанбул. Токму Калатес заедно со Вилбекин со по 14 поени беа први имиња во таборот на Фенербахче, додека кај поразените недоволни беа 20 поени на Мајк Џејмс.
Останатите два патника на завршниот турнир се Реал Мадрид и Панатинаикос, а последниот ќе биде познат вечерва по дуелот меѓу Барселона и Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА