Партизан конечно ја заврши потрагата по нов плејмејкер по повредата на Карлик Џонс, откако денеска беше потпишан договор со ветеранот Ник Калатес. Грчкиот кошаркар беше дел од тимот на Монако, но сезонава не добиваше шанса од сонародникот Василис Спанулис, поради што стана достапен за трансфер.
Прва желба на „црно-белите“ беше Американецот Пејн, но откако тој реши да остане во САД и да чека трансфер во НБА-лигата вниманието беше насочено кон Калатес, кој утрово и официјално го раскина договорот со Монако, по што следеше и потписот на договорот со Партизан.
View this post on Instagram
Калатес има настапувано под водство на Жељко Обрадовиќ во Партизан, па интересно ќе биде да се види како искусниот плејмејкер ќе се снајде во тактичките замисли на трофејниот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

