Ник Калатес ќе биде главното засилување на Барселона за наредната натпреварувачка сезона откако грчкиот репрезентативец ја прифати понудата на каталонскиот гигант. Тој во последните неколку сезони го носеше дресот на Панатинаикос, но воопшто не преговараше за нов договор обелоденувајќи дека е подготвен за нов предизвик во кариерата.
Сериозен интерес покажа и Зенит, но на крајот Калатес реши да се пресели во Барселона, клуб со кој ќе атакува на трофејот во Евролигата. Тој ќе потпише тригодишен загарантиран договор со Барселона за вкупна сума од 5,5 милиони евра. Грчкиот интернационалец во тимот на Барса ќе го замени Американецот Дилејни, кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на Милано.
Калатес е втор најдобар асистент во историјата на Евролигата. Минатата сезона тој постигнуваше по 13,3 поени и 9,1 асистенции по натпревар во елитното европско клупско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА