Ник Калатес од денеска и официјално не е член на Фенербахче откако турскиот клуб ја потврди разделбата од искусниот плејмејкер. Калатес пристигна во Фенер од редовите на Барселона во 2022 година, одигра две сезони во дресот на турскиот гигант, но тренерот Јасикевичиус и клупските директори донесоа одлука за подмладување на ростерот и разделба од 35-годишниот ветеран.
„Се разделуваме од Ник Калатес, кој беше дел од нашиот тим во сезоните 2022/23 и 2023/24 и даде значаен придонес во успесите што ги остваривме во овој период. Му благодариме на Калатес за се што стори за семејството Фенербахче и му посакуваме многу среќа во иднина“, објави Фенербахче.
Европските кошаркарски медиуми тврдат дека Калатес веќе го има договорено следниот трансфер, и тоа во редовите на Монако, тим со кој грчкиот плејмејкер ќе потпише договор во следните десетина дена.
Покрај Калатес, Фенербахче се раздели и од Нејт Сестина, кој е многу блиску до трансфер во Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА