По три години се враќа Светското првенство во пливачки спортови. Последното издание беше одржано во 2019, а поради пандемијата и одложувањето на Летните олимписки игри и шампионатот беше одложен за една година.
Унгарската Будимпешта ќе биде домаќин на собирот на најдобрите пливачи во светот, а прва ѕвезда на првенството ќе биде Американецот, Калеб Дресел. Дресел на игрите во Токио минатата година освои шест златни медали, а цел на шампионатот му е да стигне до осум најсјајни одличја.
Американецот ќе има навистина силен распоред. Во поединечна конкуренција ќе плива на делниците на 50 и 100 метри слободно и пеперутка. Покрај тоа ќе биде дел и од штафетите на 4х100 метри слободно и мешано во машка конкуренција, како и микс штафетите на истите делници.
Натпреварите во пливање на Светското првенство на програмата се од 18. до 26. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА