Калеб Дресел урна рекорд на Мајкл Фелпс стар 10 години

Американскиот пливач Калеб Дресел го урна рекордот на Мајкл Фелпс на 100 метри пеперутка, откако во полуфиналето на Светското првенство во Гвангжу исплива 49.50 стотинки. Дресел исплива 32 стотинки побрзо од времето на легендарниот Фелпс кое беше поставено на Светското првенство во Рим во 2009 година, со помош на суперсоничните костими за капење.

Финалето на 100 пеперутка е закажано за утре, а младиот Американец денеска го очекува и настап во полуфиналето на 50 метри слободно каде ќе се обиде да сруши уште едно достигнувае од 2009 година, тоа на Бразилецот Сезар Сиелјо Филјо.

 

 

Се вчитува...