Интер ќе ја стартува одбраната на скудетото во Калчо-лигата на домашен терен против Џенова, беше одлучено со денешната ждрепка. Новата сезона ќе стартува на 22 август, а доколку Пандев според најавите потпише договор со Џенова, македонскиот ветеран ќе има можност во првата рунда да му гостува на тимот во кој ги мина најблескавите моменти во кариерата.
Елиф Елмас со Наполи ќе стартува со домашен натпревар против новиот прволигаш Венеција, додека Удинезе на Илија Несторовски во првото коло ќе му биде домаќин на Јувентус.
Првото големо дерби ќе се игра во третото коло, кога Наполи ќе го пречека Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА