Калиду Кулибали е нов фудбалер на Челси, вели доброупатениот Фабрицио Романо. Сенегалецот денеска ги минал медицинските прегледи и наскоро се очекува официјалната потврда за неговиот трансфер. Тој во Лондон доаѓа од редовите на Наполи и ќе стане второто засилување за „сините“ во кус период откако тимот претходно го засили Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.
До крајот на преодниот рок се очекуваат уште неколку засилувања на „Стемофорд Бриџ“, пред се во одбраната каде се направи голема „дупка“ по заминувањата на Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен како слободни играчи. Челси е веќе во преговори со Нејтан Аке од Манчестер Сити и Преснел Кимпембе од ПСЖ.
Kalidou Koulibaly signs his contract as new Chelsea player following the main part of medical tests already completed today. 🔵🤝 #CFC
Official statement pending, then it will be completed – second signing after Sterling.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 14, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА