„Калин-експрес“ – Ивановски без изгубен гем до четвртфинале на Скопје опен

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски на неверојатен начин се пласираше во четвртфиналето на фјучрсот во главниот град на Македонија, Скопје.

На турнирот вреден 25.000 американски долари Ивановски во осмианфиналето на фуриозен начин славеше над Хрватот, Ален Бил со 2-0, по сетови 6-0 и 6-0.

Тој на својот противник не му дозволи ниту еден освоен гејм и со тоа си закажа четвртфинален дуел со Мирза Башиќ од Босна и Херцеговина.

Вториот македонски претставник кој остана во главниот ждреб, Горазд Србљак во осминафиналето загуби од Ерги Киркин со 2-0 (6-1 и 6-3).

Се вчитува...