Калин Ивановски е шампион на фјучерсот во Скопје!

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е шампион на ИТФ фјучерсот кој се одржува во Скопје откако во големото финале славеше против францускиот тенисер Саша Вајенбург со 2-0 (7-6, 6-4).

Во натпреварот кој траеше еден час и 46 минути пресуди тајбрејкот со што нашиот најдобар тенисер стана првиот Македонец кој го освојува турнирот во Скопје по пауза од 15 години.

Се вчитува...