Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во финалето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Куршумљиска бања во Србија.
Во полуфиналната пресметка Ивановски експресно во два сета славеше против Украинецот Александар Овчаренко (четврти носител на турнирот), триумфирајќи со 7-5 и 6-2 за час и половина игра.
Во финалето, македонскиот тенисер ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Французинот Табур и Италијанецот Винсент Руџери.
Ивановски, заедно со Овчаренко, пак, денеска ги очекува и финалето во игра на двојки против руско-белоруската комбинација Чепелев/ Халиак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

