Калин Ивановски експресно во 2. коло на турнирот во Инсбрук

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, експресно во два сета се пласираше во 2. коло од главниот турнир на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари кој се игра во Инсбрук, Австрија.

На стартот од главната ждрепка, Ивановски со 6-3, 7-6(3), беше подобар од Томаш Јирушек од Чешка.

Во второто коло, македонскиот тенисер ќе се соочи со првиот носител на турнирот Валентин Вашеро од Франција, кој во 1. коло во три сета со 6-1, 3-6, 6-3 го победи домашниот тенисер Марко Андрејиќ.

Се вчитува...