Калин Ивановски на тренинг-сесии со Новак Ѓоковиќ во Белград (ВИДЕО)

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски деновиве реализираа тренинг сесии со најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во Белград.

Според објавата на социјалните мрежи и двајцата и тоа како се добро расположени во заедничките тренинзи кои доаѓаат по меѓусебното запознавање на барање на Ѓоковиќ. Популарниот Ноле уште минатата година го забележа Калин по неговиот мангупски сервис за меч-поен на јуниорскиот Вимблдон.

„Мора да го запознам ова момче од Македонија“ – порача тогаш Ѓоковиќ, за да сега дојде и запознавањето и заедничките тренинзи со Калин Ивановски.

Калин во моментов живее и тренира во Загреб, но често е во Белград каде минува дел од подготовките за континуираните настапи на Фјучерс и Челинџер сериите од АТП календарот.

Се вчитува...