Калин Ивановски напредуваше на најновата АТП листа, Ѓоковиќ останува „број еден“

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски напредуваше две позиции на најновата АТП листа, објавена денеска.

Ивановски со 92 бода е на 459. место во поединечна конкуренција, што за него е до најдобриот пласман затоа што во текот на оваа календарска година беше и 457 светски рекет.

Од останатите македонски тенисери, Обрад Марковски е на 1127-та позиција, Горазд Србљак имаше најголем напредок од 46 места, па сега е 1132. место а по него се Томислав Јотовски и Стефан Мицов.

На самиот врв на АТП листата и натаму останува Новак Ѓоковиќ пред Карлос Алкараз, Данил Медведев, Каспер Руд и Стефанос Циципас во Топ 5.

Се вчитува...