Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски имаше успешна операција на десниот колк во Минхен, Германија.
Ивановски неизбежно мораше да биде подложен на хируршка интервенција како би ја санирал повредата за продолжението од сезоната.
„Сакам да ве информирам дека операцијата на десниот колк помина добро. Сакам да му се заблагодарам на мојот доктор, професорот Мајкл Динст и неговиот персонал, кој се грижеше за мене. Ви благодарам за поддршката! Наскоро ќе се вратам посилен на теренот“ – сподели Калин Ивановски на својот официјален Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

