Калин Ивановски влегува во натпреварувачки ритам, а добрите игри на македонскиот тенисер придонесуваат тој да напредува и на АТП-листата.
Поради фактот дека лани имаше долга пауза поради повреда, Ивановски сега со секој успешен резултат бележи и значаен скок на АТП-листата. Доказ за тоа е и денешното најново рангирање на светските тенисери на кое Калин има огромен скок од 43 места, па така најдобриот македонски тенисер моментно е рангиран на 853. позиција.
Најдобар ранкинг во кариерата на Ивановски е 305. место и јасно е дека Калин ќе стори се за да се приближи до овој пласман, а фактот дека речиси секоја седмица учествува на нови турнири ќе му овозможи што побрзо да дојде до Топ 500 во светот.
Што се однесува до најновата АТП-листа, на врвот се зацврсти Јаник Синер пред Карлос Алкараз, а во Топ 10 има место уште и за Зверев, Фриц, Дрејпер, Ѓоковиќ, Мусети, Руне, Шелтон и Рубљов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

