Калин Ивановски со најдобар ранкинг на АТП листата во кариерата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски од денеска е со својот најдобар ранките во кариерата, 412. место на АТП ранг листата.

По освојувањето на ИТФ Фјучерсот во Скопје, Ивановски напредуваше за 9 позиции на листата сега со 107 бода. Од останатите македонски тенисери, Обрад Марковски е на 1152. место со 7 бода, напредувајќи 14 позиции, а Горазд Србљак е на 1208. место со 6 бода.

На врвот на листата водечки е Новак Ѓоковиќ, кој сосема очекувано со триумфот на Ролан Гарос повторно го презеде врвот на АТЛ ранг листата.

Ѓоковиќ  е на првото место, сега со 7595 бода, пред Карло Алкараз кој е со 7175 бода, а понатаму следат Данил Медведев со 6100 бода и Каспер Руд со 4960 бода.

Се вчитува...