Калин Ивановски во супер-меч до финале во Опатија!

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во финалето на ИТФ Фјучерсот вреден 15.000 долари во Опатија, Хрватска.

Во извонредна полуфинална пресметка Калин го победи третиот носител на турнирот, Михаел Врбенски од Чешка, во три сета со 6-4, 3-6 и 6-3, за место во финалето.

Во финалето утре ќе се сретне со првиот носител на турнирот, Лука Микрут од Хрватска, кој е на 360. место на АТП листата.

Се вчитува...