Калин по голема борба загуби во три сета од Белорусинот Халиак на турнирот во Србија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во четвртфиналето на вториот ИТФ фјучерс во Куршмлијска бања во Србија.

Ивановски загуби во 2. коло на турнирот од Белорусинот Михали Халиак по тешка битка во три сета. Македонскиот тенисер загуби со 4-6, 6-1, 3-6, по повеќе од два часа игра.

За Калин Ивановски сега останува уште настапот во игра на двојки, заедно со Хрватот Мили Полјичак со кого се трети носители на турнирот.

Се вчитува...