Македонскиот тениски рекет, Калин Ивановски со пораз од првиот носител Валентин Вашро, го заврши својот настап на ИТФ фјучерсот што се одржува во Инсбрук, Австрија.
Талентираниот тенисер не успеа да најде одговор за главниот фаворит од Франција кој доминираше на централниот терен и со 6-1 и 6-2 обезбеди место во четвртфиналето.
Вашро освои 20 поени повеќе од Ивановски (59/39), искористи четири од шесте брејки шанси што се покажа како доволно да се пласира меѓу најдобрите осум на фјучерсот што се игра на земјена подлога и вредност од 15.000 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

