Калин: Учев од најдобриот…. Новак: Секогаш сум тука…

Калин Ивановски ги мина последните денови тренирајќи во друштво на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, чиј гостин беше Македонецот во Белград.

Нашиот тенисер имаше неколку тренинзи со Ѓоковиќ, доби драгоцени совети од Новак и од неговиот тим, а дружењето заврши откако Новак отпатува за Париз, каде ќе настапи на претстојниот Мастерс-турнир во „градот на светлината“.

Калин преку објава на инстаграм се заблагодари на Ѓоковиќ, објавувајќи заедничка фотографија со порака: Учам од најдобриот. Фала, Новак и твојот тим за оваа седмица.

Веднаш потоа следеше и одговор од српскиот тениски великан, кој му порача на Калин: Секогаш сум тука…

Се вчитува...