Поразот на Црвена Звезда од Жалгирис во Литванија предизвика бурни реакции поради серијата судиски грешки, сите во корист на домашниот тим.
Никола Калиниќ отворено говореше за незадоволството од она што се случуваше во Каунас, осврнувајќи се на положувањето на Смајлагиќ кога играчот на Жалгирис го удри Калиниќ со лакот во лице, а и покрај прегледувањето на снимката судиите одлука да биде досудена лична грешка од кошаркарот на Црвена Звезда.
„Какво е чувството… тажни смо, тажни, се боревме… Како и секогаш, судиите со своите одлуки решаваат кој ќе победи, не знам дали тоа треба да се случува…. Не бараме да се суди за нас, само да излеземе на терен, да одиграме и да видиме кој е подобар. Колку го одлучија победникот? Па видете, загубивме со два поени, а имаше најмалку четири одлуки кои одеа директно во нивна корист. Јас не сум видел такви работи, да ми досудат мене лична грешка по толку гледање, на очигледен лакот од Смајлагиќ. Тие добија три поени наместо два или пет за нас… потоа оној фаул во напад од Недовиќ при цепелинот за Плавшиќ, не сум видел такво нешто во животот. Трагично е, треба да бидеме подобри за 15 разлика за да славиме за два. Доаѓаме, плаќаме милион евра за да играме и тогаш се случува цело време да не крадат“, разочаран со право е Никола Калиниќ.
Professional ref who’s refereeing best basketball competition in europe and second in the world can’t see that this is offensive foul (unsportsmanlike foul) on Kalinic and not defensive foul😂😂
Yes, this was called as defensive foul on Smajlagic and he got 2+1🤡🤡#kkcz pic.twitter.com/yi7dVRNQYB— Богдан🇷🇸 (@kkwildcard) October 30, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА