Навивачите на Хајдук со причина се еуфорични откако сплитскиот клуб успеа да го врати во своите редови Никола Калиниќ, 35-годишниот голгетер кој повторно ќе ги тресе противничките мрежи во белиот дрес.
Калиниќ никогаш не ги криеше симпатиите кон овој клуб, а сега на најдобар можен начин ја докажа лојалноста кон Хајдук, потпишувајќи договор на шест месеци, за месечна плата од – едно евро. Тоа го обелодени директорот на Хајдук, Миндаугас Николичиус, на официјалната промоција на Калиниќ.
„Ова ми беше најлесниот договор што го потпишувам во овие три години во Хајдук. Калиниќ ќе игра за едно евро месечно, токму така – само за едно евро. Тој има само една желба – да помогне тимот да ја освои првата титула по 19 години и ќе стори се за да даде свој придонес. Парите воопшто не беа тема на разговор во нашите преговори“, изјави првиот оперативец на сплитскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

