Немили сцени беа забележани во Подгорица на првиот полуфинален натпревар од АБА лигата меѓу Будуќност и Црвена Звезда.
Натпреварот беше прекинат во 23. минута кога гостите од Белград го напуштија теренот откако дојде до пресметка меѓу кошаркарите на двата тима по борба за една топка, а потоа неколку предмети паднаа на теренот, а целиот тим на Звезда заедно со стручниот штаб се упатил кон соблекувалната.
За време на хаосот камерите го уловија Никола Калиниќ кој зел предмет и го фрлил кон трибините, а како тоа изгледало погледнете во следното видео:
За потсетување Будуќност поведе со 1-0 во серијата откако славеше над Црвена звезда со убедливи 104-70.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

