Хрватскиот интернационалец Никола Калиниќ ја напушта Фиорентина и се сели во Кина. Тој ќе биде ново засилување за тимот на Тианјин, чиј тренер е поранешниот италијански репрезентативец Фабио Канаваро. Фиорентина како отштета ќе добие сума од 45 милиони евра, а и самиот напаѓач помина фантастично кога се финансиите во прашање.
Италијанските медиуми откриваат дека Калиниќ во Тианјин ќе заработува дури десетпати поголема плата од онаа што ја имаше во Фиорентина. Во дресот на „виолетовите“ заработуваше 1,2 милиони евра годишно, а отсега во Тианјин ќе инкасира 12 милиони евра по сезона.
Овој кинески клуб неодамна го купи и белгискиот репрезентативец Аксел Витсел, а беше и во преговори со Диего Коста од Челси. Сепак, англискиот премиерлигаш ја одби понудата за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА