Калиниќ по отказот во Хајдук: И Гатузо ќе си замине, ние сме жртвени јагниња!

По вчерашниот отказ како директор на Хајдук, Никола Калиниќ денеска на прес-конференција ги објасни причините за заминувањето од таборот на сплитските „бели“ притоа зборувајќи и за иднината на тренерот Џенаро Гатузо.

Калиниќ откри дека тренерот Гатузо воопшто не комуницира со претседателот на Хајдук, нагласувајќи дека и двајцата се жртви на инертното раководство на клубот.

„Гатузо веќе подолго време не зборува со претседателот затоа што му вети четири засилувања, но не го исполни тоа. Јас сум само жртвено јагне, додека глувците се сокрија во дупките. Знам дека Гатузо не е задоволен и ќе си замине. И тој е жртва на ова очајно раководство“ – рече Калиниќ.

Хајдук по пет одиграни кола во првенството е на третата позиција со 11 бодови, два помалку од водечкиот Динамо Загреб.

Се вчитува...