Калиниќ в џеб, а Видал нова желба на Милан

Трансферот на Никола Калиниќ во Милан вреден 25 милиони евра е во завршна фаза, потврдија хрватските медиуми. Напаѓачот во следните неколку дена треба да ги изврши медицинсите прегледи, а ќе заработува 3.5 милиони евра по сезона во наредните четири години.

29-годишниот хрватски репрезентативец во дресот на Фиорентина постигна 33 гола на 84 натпревари откако пристигна во 2015 година. Покрај Милан, за Калиниќ се интересираше и Евертон, но Хрватот преферираше да остане во Серија А.

„Росонерите“ планираат уште засилувања, и покрај тоа што доведоа дури 11 фудбалери ова лето. Артуро Видал треба да биде последната „бомба“  на „Сан Сиро“. Се шпекулира дека кинеските газди се подготвени да издвојат 60 милиони евра, а Видал да го направат најплатениот фудбалер во италијанското првенство, со годишна плата од 8 милиони евра.

Се вчитува...