Илија Несторовски би можел да биде нов играч на Калјари, откако новиот член на Серија Б веќе имала преговори за потписот на македонскиот напаѓач.
Несторовски е слободен играч, бидејќи му истече договорот со Удинезе, и сега е во потрага по ангажман. За него во минатото беше заинтересиран и Лече, но тој тим се откажа од потписот, па едно време се поврзуваше со својот екс клуб Палермо.
Сепак, за нападот на Калјари, Несторовски ќе има конкуренција во Георге Пушкаш, напаѓачот на Ридинg кој игра како позајмен во Пиза, смета еден од најдобрите италијански новинари Џанлука Ди Марцио.
Несторовски минатата сезона играше само малку, со оглед дека ја лечеше повредата на лигаментите на коленото, поради која го пропушти ЕВРО 2020 одиграно минатото лето. Тој веќе шеста година е во Италија, а во минатото играше за Интер Запрешиќ, Викторија Жижков и Словачко. Во Македонија беше дел од Победа и Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

