Калјехон го најде лекот за Фиорентина

Наполи обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Италија, триумфирајќи со минимални 1-0 на вечерашната пресметка со Фиорентина. „Наполитанците“ долго се мачеа да го скршат отпорот на гостите, пред Калјехон конечно да го најде патот до мрежата на „виолетовите“ со силен и прецизен удар со глава по кој голманот Татарусану ја допре топката, но не можеше да ја спречи да заврши во неговата мрежа.

Следен противник на Наполи ќе биде подобриот од дуелот меѓу Јувентус и Милан што ќе се игра утре во Торино.

Goal Callejon (1:0) Napoli vs Fiorentina by GoalHunter1

Се вчитува...