Калверт Луин е алтернатива на Арсенал

Арсенал сеуште го бара идеалниот напаѓач со кој младиот тим ќе цели кон враќање на големата сцена. Опција број еден останува Душан Влаховиќ, но доколку не успее да го придобие фудбалер на Фиорентина, алтернатива е Доминик Калверт Луин, пренесуваат англиските медиуми.

За фудбалерот на Евертон се интересираат неколку клубови меѓу кои и градскиот ривал Вест Хем кој е подготвен за неговите услуги да издвои до 60 милиони евра, па лесно може да случи „топџиите“ да го испуштат и 24-годишниот Англичанец.

Калверт Луин кариерата ја започна во Шефилд Јунајтед, а од 2016 година е дел од Евертон. За „карамелите“ одигра 179 натпревари во сите конкуренции и притоа 56 пати ја затресе мрежата. Оваа сезона настапи на само шест натпревари во Премиерлигата поради повреда.

Се вчитува...