Кам-бек на легендата: Големиот Дел Пјеро се враќа за да помогне на „старата дама“

Јувентус мора да стартува нова ера по оставките на целокупниот управен одбор, а новиот претседател Џанлука Фереро е свесен дека за продобивање на навивачите ќе му биде неопходно да вклучи и фудбалска легенда во својот тим. Изборот е веќе направен – Алесандро дел Пјеро е легендата што Фереро ја сака крај себе во највисокото раководство на Јувентус, а веќе се остварени и првите контакти за популарниот „Пинтуричио“ да се врати назад во клубот каде ги мина најубавите моменти во кариерата.

На Дел Пјеро му е понудена функцијата потпретседател на Јувентус, загарантирано место во управниот одбор, но поранешниот италијански репрезентативец побарал да му биде доставена на писмено визијата што Фереро ја има за излез од кризната ситуација и враќање на Јувентус на врвот на италијанскиот фудбал. Желбата кај Дел Пјеро е недвојбена, но негово инсистирање е доколку дојде назад во Јуве, да има е одредена одлучувачка моќ.

„Сите многу добро знаат што значи Јувентус за мене. Се уште имам куќа во Торино. Дали би се вратил? Секако, под вистински услови, но никој се уште ми се нема јавено“, изјави Дел Пјеро од Катар, непосредно по оставките на Ањели и останатите директори.

Краен рок за доставување на имињата на новиот управен одбор на Јувентус е 25 декември, а одредени италијански медиуми најавуваат дека во новата управа ќе се најде и името на Џорџо Кјелини, но со помалку важна функција од онаа на Алесандро Дел Пјеро.

Се вчитува...