Камавинга добива нов договор со откупна клаузула од 1 милијарда евра

Едуардо Камавинга после само две сезони минати во дресот на Реал Мадрид, ќе го продолжи договорот со клубот до 2028 година. Шпанските медиуми откриваат дека Французинот дал согласност за нов договор, со поголема плата.

Играчот од средниот ред со новиот договор значително ќе му се зголеми платата. Исто така во новиот договор ќе има и откупна клаузула која ќе изнесува 1 милијарда евра.

Деталите на договорот ќе бидат објавени во следните денови. Французинот дојде во Реал од Рен за 40 милиони евра, и преставува иднина за „кралевите“ заедно со Белингем и Чуамени.

Се вчитува...