Најдобриот пливач на сите времиња, Американецот Мајкл Фелпс вели дека сака повторно да се врати во базените и да настапи на Летните олимписки игри во Токио 2020, но длабоко во себе знае дека ментално не е подготвен за камбек.
„Сакам да се вратам во базените и да настапувам на уште една Олимпијада, но не сум сигурен дека ментално и физички ќе можам тоа да го издржам. Првиот пат кога се пензионирав по игрите во Лондон не успеав да издржам ниту шест месеци. По второто откажување од пливањето, веќе три години сум надвор од базените и се чувствувам како да сум исклучен од се. Сакам да го пронајдам повторно во себе пливачкиот ритам, но среќен сум во пензија, а тоа е најважно“, изјави Фелпс.
Мајкл Фелпс е најуспешниот олимпиец на сите времиња со вкупно 28 освоени медали, од кои 23 злата, а на последните олимписки игри во Рио освои шест медали од кои пет беа најсјајни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА