Камбек на Никола Костески, Алкалоид убедлив против Тиквеш

Ракометарите на Алкалоид во 13. коло стигнаа до деветтата суперлигашка победа откако „сино-белите“ од Автокоманда беа подобри во пресметката со Тиквеш труимфирајќи со 33-24. Мечот го одбележа камбекот на Никола Костески, искусниот крилен ракометар кој по долга пауза од терените конечно се врати и покажа дека ќе биде значаен адут на тренерот Лазаров во наредниот период.

Првото полувреме донесе неизвесна борба, Алкалоид прв се одлепи поведувајќи со 7-4, но Тиквеш возврати и со три пенали во низа израмни на 3-3. Голманот Печурица блескаше и помогна Тиквеш да стигне и до водство, па Лазаров беше принуден да побара тајмаут при негатива на Алкалоид од 10-12. „Сино-белите“ си ја вратија сигурноста во нападот, како и цврстината во одбраната, вртејќи го резултатот во своја полза и на одмор заминувајќи со минимално водство од 14-13.

Вториот дел го отвори Серафимов со гол за 15-13, а кавадарчани парираа само до 16-15. Алкалоид влезе во препознатливиот ритам, постигна пет гола за три минути и поведе со убедливи 21-15. Доминацијата на домаќинот продолжи, па со голот од контранапад на Џонов Алкалоид стигна и до двоцифрени . Марко Митев постигна неколку убави голови во второто полувреме, а фаворитот рутински го приведе мечот до крај, за конечните 33-24.

Кизиќ имаше 13 одбрани на голот на Алкалоид, Ненад Костески беше најефикасен со шест гола, по пет постигнаа Ненад Костески и Серафимов, а први стрелци на Тиквеш беа Цветковски и Ахмед со по пет погодоци.

Се вчитува...