Камбек по 15 години: Јошко Миленкоски ќе ја води Македонија на ЕП во Скопје

Јошко Миленкоски ќе биде сериозен адут на Македонија на претстојното Европско првенство откако најдобриот одбојкарски стратег ја прифати понудата да се врати на клупата на нашиот национален тим.

Миленкоски по цели 15 години се враќа на кормилото на македонската репрезентација, откако во меѓувреме оствари низа одлични резултати во меѓународните ангажмани што ги имаше на клупски план. Тој моментно е предводник на грчки ПАОК, тим со кој пред неколку седмици оствари одличен резултат кревајќи го пехарот во Купот на Грција, во финалето совладувајќи го големиот ривал Олимпијакос.

Првите предизвици Миленкоски ќе ги има на натпреварите од Европската лига, кои ќе послужат за загревање и темпирање на формата за вистинскиот предизвик – Европското првенство на кое Македонија е еден од домаќините.

Се вчитува...