Капитенот на Борусија Дортмунд и германски репрезентативец Марко Ројс, ќе паузира од фудбалските терени најмалку уште шест месеци. Според прогнозите, тој би можел да биде комплетно подготвен за камбек на почетокот на март 2018 година, па прашање е дали ќе се наметне и за настап во селекцијата на Германија на Светското првенство во Русија. Тој веќе пропушти еден мундијал поради повреда, а исто така не беше дел и од последното Европско првенство.
„Рехабилитацијата оди добро, навистина добро. Го работам сето она што ми го советуваат докторите. Но, нема да брзам со враќањето, и мислам дека тоа ќе се случи на почетокот на март идната година“, изјави Марко Ројс.
Тој е изоставен и од списокот на Борусија Дортмунд за групната фаза од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА