Натпреварот во втората лига меѓу Башкими и Каменица Саса заврши без победник. Но, во фокусот на случувањата беше финишот од средбата кога навивачи на Башкими влегоа на терен, а од тимот на Саса се жалат дека нивните играчи биле нападнати од страна на домашната публика.
„Неприфатлив однос на домашната публика кон нашите фудбалери на вчерашниот меч во Куманово. Дали насилството се враќа на фудбалските терени? На кој му одговара ваков толерантен однос кон хулиганите и насилниците? Треба ли секој натпревар наместо надигрување, да биде закана за безбедноста по здравјето и животот на фудбалерите? Што треба да се случи на фудбалските терени за конкретна реакција на надлежните? Само ФК Каменица Саса е жртва на два идентични напади со насилство во оваа и минатата сезона. Станува збор за немили настани и случаи кој ги преживуваат многу од екипите при гостувањата кај клубови со реално слаба организација на натпреварите. Безбедноста на фудбалерите и службените лица на натпреварите треба да биде императив во работењето на сите, вклучително и на Фудбалската федерација на Македонија.“, стои во соопштението на Каменица Саса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА