Каменуван автобусот на Бенфика, двајца фудбалери завршиле во болница (ВИДЕО)

Автобусот со фудбалерите на Бенфика синоќа бил нападнат по натпреварот против Тондела кој заврши без голови 0-0. Како што пренесуваат португалските медиуми, нападот го извршиле навивачите на клубот од Лисабон. Тие со камења го нападнале автобусот на фудбалерите, од кои двајца поради повреди завршиле во болница.

Меѓу повредените фудбалери се наоѓаат Германецот Жулијан Вајлг и Србинот Андрија Живковиќ. Според полицискиот извештај нападот го извршила најголемата навивачка група на тимот „Ноу нејм Бојс“.

 

Се вчитува...