Натпреварот меѓу Будуќност и Карпош соколи што е утре на програмата во АБА-лигата имаше несакана увертира откако црногорски хулигани го скршиле автобусот на македонскиот клуб.
„Вчера вечер, на паркингот пред хотел „Подгорица“, во главниот град на Црна Гора – Подгорица, беше нападнат автобусот КК „Карпош Соколи“, од Карпош. Притоа, искршено е ветробранското стакло, и се украдени регистарските таблички на автобусот. Општина Карпош, го осудува ваквиот обид за притисок врз играчите на КК „Карпош Соколи“, и очекува надлежните служби во најскоро време да го расветлат случајот, односно да ги откријат причините и извршителите на овој инцидент“ – се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Општина Карпош.
Македонскиот клуб веќе неколку дена е во Црна Гора, откако во средата одигра натревар со екипата на Теодо во рамките од БИБЛ-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА