Шкендија утре во Баку од 18 часот ја очекува реванш-дуелот од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Тетовци имаат негатива од 0-1 по првиот меч во Скопје во пресметката со Карабах, но сепак веруваат дека може да се надигруваат со азербејџанскиот шампион во желбата да се дојде до позитивен резултат и пласман во следната рунда квалификации од ЛШ.
„Очекуваме тежок натпревар, но носиме максимално позитивни вибрации за натпреварот. Ќе имаме силен натпревар против многу силен противник и ако даде Бог се надеваме на победа“ – истакна Камер Ќака на денешната прес-конференција во Баку, притоа дополнувајќи:
„Ова е тимска игра а Карабах е многу силен тим. Влегуваме во натпреварот за да победиме. Тоа е она што го мислат сите играчи, не само јас. Секако ќе биде многу тежок предизвик за нас, но ќе се стремиме кон позитивен резултат“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

