По трите едноподруго нерешени резултати низ изминативе три рунди во првенството, Шкендија е цврсто решена со утрешниот натпревар од 12. коло во ПМФЛ против Беса да се врати на победничките патеки.
Камер Ќака верува дека е извлечена добра поука од претходните средби и тимот е подготвен повторно да се врати на победите.
„Мислам дека по овие натпревари кои ги завршивме со нерешени резултати, поконцентрирани сме и имаме многу поголем мотив да се вратиме на победничкиот пат, почнувајќи од мечот со Беса и да ја продолжиме трката за шампионската титула сезонава. Не ги одигравме претходните натпревари на ниво кое посакувавме. Сепак, имаме добра атмосфера во групата. Сега ни претстои нов натпревар утре на кој ќе дадеме 100% и веруваме дека ќе излеземе како победници“ – вели Ќака, притоа дополнувајќи:
„Добро ги анализиравме претходните дуели. Верувам дека сега сме подготвени, тоа што помина не може да се врати и сега од нас зависи како ќе биде на следните натпревари“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА