Камерун го остави Онана на клупата, а потоа прими смешен гол (видео)

Камерунскиот селектор Ригоберт Сонг ја продолжи војната со Андре Онана оставајќи го најдобриот голман на оваа земја на клупата за резерви за вечерашниот осминафинален дуел од Купот на Африкански Нации. Ваквата одлука би можела скапо да ги чини Камерунците, откако голманот кој доби шанса на негово место, Фабрис Ондоа од францускиот второлигаш Ним, имаше слаба интервенција со која дозволи Нигерија да стигне до предност.

Осимен одлично втрча во противничкиот шеснаесетник и потоа несебично го програ Лукман, но тој не шутираше најдобро. Ондоа добро се движеше и се чинеше дека ја има топката во раце, но потоа некако дозволи таа да му мине под телото и да заврши во мрежата, за огромно разочарување на Камерунците…

Водечкиот гол на Лукман и слабата интервенција на камерунскиот голман можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...