Камерун преку Јужна Африка до 1/4 финале на АКН (ВИДЕО)

Фдбалерите на Камерун се четврти учесници во 1/4 финалето на Африканскиот куп на Нации, откако со 2-1 ја победија селекцијата на Јужна Африка.

Камерунците имаа одлична предност од 2-0, но во финишот можеа да ја прокоцкаат откако Јужна Африка пропушти одлична шанса при 2-1, да дојде до израмнување и да го одведе мечот во продолженија.

Чамаду во 34. минута донесе предност за Камерун, со која отидоа на пауза со предност. Веднаш на стартот од вториот дел Кофане зголеми на 2-0. И кога се чинеше дека ја имаат контролата, Макгопа во 88. минута намали.

Во првата минута од судиското надополнување, Макгоба имаше одлична шанса да израмни, но неговиот обид заврши само крај голот.

Се вчитува...