Работнички подготвува квалитетно засилување на офанзивната линија за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со ангажман на Камерунецот Нгу Абега Енјанг.
20-годишниот Енјанг е пред официјална промоција меѓу „романтичарите“, во очекување и на дефинитивно приклучок на подготовките на тимот.
Во својата кратка досегашна интернационална кариера има настапи за Турон во шампионатот на Узбекистан, како и за тимот на Паиде во Естонија, од каде сега доаѓа во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА