Камерунскиот фудбалер Кларенс Жуниор Битанг, е новиот играч кој што се приклучи на подготовките на екипата на Вардар во Анталија, информира македонскиот првак на својот официјален сајт. Играчот од средниот ред денеска пристигна и се запозна со останатите фудбалери, а имаше и полесен тренинг во вежбалница.
Битанг е роден на 2. септември 1995 година во Дуала (Камерун). Во својата кариера има играно за екипи од Камерун, Тајланд и Грција. Настапуваше во Лес Астрес во својата родна земја, потоа во Тајланд во екипите на Вуачон Јунајтед, Бурирам Јунајтед, Чаинат пред да се пресели во Грција и да биде дел најпрво од Панилијакос, Олимпијакос Волос и Агротикос. Последен клуб му бил Унион Дуала. Игра главно на повеќе позиции во средниот ред, а може да игра и како крилен фудбалер, главно на десната страна. Битанг минатата година имаше неколку повици во сениорскиот национален тим на Камерун.
По враќањето на екипата во Скопје предвидено за утре, ќе следат неопходните медицински прегледи за фудбалерот, и потоа ќе следи потпис на договорот со „црвено-црните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА