Поранешниот капитен на Камерун Ригоберт Сонг, е именуван за нов селектор на националниот тим на земјата. Тој доаѓа на местото на Тони Консеисао само три недели пред бараж натпреварот за пласман на СП 2022 година во Катар.
Сонг собра 137 настапи за Камерун, а имаше и меѓународна кариера, настапуваше во големи клубови како Ливерпул и Вест Хем, а играше и во Германија, Италија, Турција и Франција.
Нема големо тренерско искуство, односно ја водеше селекцијата на Камерун до 23 години.
Консисао минатиот месец го донесе Камерун до третата позиција во Африканскиот куп на Нации, но не му беше продолжен договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА