Камил Раст е победничка на велеслаломот во Крањска Гора

Камил Раст е победничка на денешната велеслаломска трка што се возеше во Крањска Гора, прва победа на швајцарската скијачка во кариерата во ФИС Светскиот куп.

Раст стартуваше со реден број еден и постави најдобро време, освојувајќи го првото место по првото возење со време од 1:03,38, што беше за 0,33 секунди подобро од второпласираната Паула Молцан.

Во втората трка одлично возеше лидерката во генералниот пласман, Јулија Шајб, која стигна до второто место. Сепак, Раст знаеше како да ја задржи предноста од првата трка и со вкупно време од 2:00,09 да стигне до победата, so 20 стотинки подобро време од Шајб и 47 стотинки подобра од третопласираната Молцан.

Се вчитува...