Полскиот ски – скокач Камил Штох влезе во историјата, победувајќи на сите четири станици од традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“. По Оберсдорф, Гармиш, и Инсбрук, Полјакот беше најдобар и на денешното натпреварување во Бишофсхофен и на доминантен начин славеше триумф, како втор ски-скокач во 66-годишната историја на кого тоа му успеало, после Свен Ханавалд.
А токму Ханавалд дојде да го поздрави и да му честита за големиот успех.
Штох триумфираше со скокови ос 132,5 и 137 метри. Со него на подиумот беа и Норвежанецот Андерс Фанемел и Германецот Андреас Велингер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА