Ќамили е веќе четврти стрелец во Данска: Нов гол и асистенција за Сондерјиске (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили е веќе четврти на листата на најдобрите стрелеци во најсилната лига на Данска по 13 одиграни кола.

Ќамили повторно беше стрелец, овој пат и со запишана асистенција, за својот Сондерјиске на вчерашниот натпревар на кој неговиот тим загуби со 4-2 од Виборг.

Македонскиот напаѓач најпрво во 58. минута погоди од пенал за намалување на предноста на домашните во тие моменти на 2-1, а потоа асистираше и за вториот погодок на својот тим.

Во моментов, со шест постигнати гола на стартот од сезоната во Данска, Лирим Ќамили е на четвртата позиција на листата на најдобрите стрелци. На врвот на листата е данскиот репрезентативец Адамсен од Силкеборг со осум гола.

Се вчитува...